Корисничко име Лозинка Пријави се
04.7.2017

Севилја го продаде Ибора, но го врати Банега

Капитенот на Севилја Висенте Ибора е пред трансфер во Лестер, а на „Санчез Писхуан“ се враќа Евер Банега по една година во Интер.

Андалузискиот клуб го продаде Висенте Ибора на англискиот премиерлигаш Лестер за 12 милиони евра.
Ибора има 29 години и игра во средниот ред, а во Севилја дојде во 2013 година од Леванте и во меѓувреме стана капитен на екипата.
За Севилја одигра 172 натпревари и беше еден од клучните играчи во клубот кој освои три трофеи во Лигата на Европа.
Ибора по потпишувањето на договорот ќе се врати во Шпанија да се поздрави со навивачите на Севилја.
Банега почна само 20 натпревари во Серија А за Интер минатата сезона, иако беше доста ефикасен со шест голови и осум асистенции.
„Се враќам дома каде ги поминав најдобрите сезони во кариерата. Секогаш бев во контакт со момците, останав со сите во добри односи, па ширум ми ја отворија вратата“, изјави Банега.
Банега потекнува од Бока јуниорс, стана професионалец во 2006 година, по две години се пресели во Валенсија каде мина шест сезони, а една беше и во Атлетико Мадрид.
Се врати во Аргентина во 2013 година и одигра една сезона за Њуелс олд бојс и во Севилја дојде во 2014 година. За две сезони постигна 12 голови на 92 натпревари, а за аргентинската репрезентација има 55 настапи и четири голови.

Најнови вести