Корисничко име Лозинка Пријави се
05.7.2017

Меси го продолжи договорот, 570.000 евра неделно!

Лионел Меси го продолжи договорот со Барселона до 2021 година со кој неделно ќе заработува 570.000 евра.

Најдобриот фудбалер на Барселона го има вториот највреден договор, на првото место е Карлос Тевес кој во Кина заработува 700.000 евра неделно.
Барселона ја објави и новата откупна клаузула која е 300 милиони евра.
Меси ги загрижи навивачите на каталонскиот клуб минатите седмици со оглед на тоа што стариот договор му истекуваше следната година, а немаше нов договор на повидок. 
„Клубот е многу среќен поради договорот и посветеноста на Меси, најдобриот фудбалер во историјата кој ја помина целата професионална кариера во Барселона и ја предводеше екипата до неверојатни успеси“, се вели во соопштението на клубот.
Аргентинецот во Барселона дојде на 13 години и штом му се приклучи на првиот тим го покажа својот неверојатен талент. Досега одигра 585 натпревари и постигна 510 голови.
Меси пет пати ја освои Златната топка и со Барселона освои 29 трофеи, од кои девет шампионски титули во Шпанија, четири во Лигата на шампионите, пет пехари на Кралскиот куп, три Суперкупа на Европа и на Светското клупско првенство.

Најнови вести