Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2017

Фил Невил: Евертон тргна по чекорите на Тотенхем

Фил Невил, некогашниот фудбалер на Манчестер јунајтед и на Евертон, изјави дека има големи очекувања од „карамелите“ во наредната сезона.

„Евертон ме потсетува на Тотенхем. До пред четири-пет години, Тотенхем и Евертон беа на слично ниво, а потоа Тотенхем почна брзо да напредува, а „карамелите“ тапкаа во место. Меѓутоа, ми се чини дека работите конечно почнаа да се движат кон подобро. Ако во овој момент би завршил преодниот рок, би можел да кажам дека најдобрите трансфери ги направи Евертон. Заминувањето на ѕвездата на тимот Лукаку не се ни почувствува бидејќи на негово место стигна Руни“, изјави Невил.
„Враќањето на Вејн Руни во клубот може да биде клучно. Нема шанси тој да се врати само за да го одработи договорот, да нема жалба за нови успеси“, додаде Невил.

Најнови вести