Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2017

Мичу ја заврши кариерата

Шпанскиот фудбалер Мичу вчера изјави дека ја завршил кариерата поради повреда, пренесоа шпанските медиуми.

Мичу (31) имаше проблеми со трајната повреда на глуждот, поради која минатата сезона почна само 12 натпревари за Овиедо во втората шпанска лига.
„Според извештаите на лекарите, моментната ситуација е таква што морав да се збогувам од професионалниот фудбал“, изјави Мичу на социјалните мрежи.
Тој додаде дека е тажен поради тоа што ја завршува кариерата и им се заблагодари на клубовите и на навивачите за поддршката.
„Привилегиран сум што го исполнив сонот коишто многумина од нас го сонувале од детството, да станам професионален фудбалер“, изјави Мичу.
Мигел Перез Куеста Мичу кариерата ја почна во клубот од родниот град Овиедо, а играше уште за: Селта, Рајо Валјекано, Свонси, Наполи.
Во 2013 година тој одигра еден натпревар за репрезентацијата на Шпанија.