Корисничко име Лозинка Пријави се
05.11.2015

Евертон без Овиедо две до три седмици

Одбранбениот фудбалер на Евертон, Брајан Овиедо, ќе паузира меѓу две и три седмици поради повреда на тетивата, потврди менаџерот на клубот, Роберто Мартинез.

Костариканскиот интернационалец излезе од игра на претходниот натпревар со Сандерленд во 25-тата минута, а со скен е потврдено дека ја обновил повредата која ја доживеа во февруари годинава.
“Брајан Овиедо има повреда на тетивата, поради која нема да игра две до три седмици“, изјави Мартинез на прес конференцијата пред натпреварот на гости кај Вест хем викендов.
„Се надевам дека ќе биде подготвен за натпреварот со Астон вила на 21-ви ноември, а ако не, тогаш против Борнемаут една седмица подоцна“, додаде Мартинез.

Најнови вести