Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2017

Конте ја отвори душата: Кејн е најдобар, го сакавме Вокер

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, не го крие воодушевувањето од Хари Кејн, напаѓачот на Тотенхем, за кого изјави дека го смета за најдобар напаѓач на светот.

Челзи неодамна го доведе Алваро Мората за 70 милиони фунти, но ако би можел да бира Конте, негов избор не би бил шпанскиот напаѓач.
„Да можам да избирам, дефинитивно би го одбрал Кејн. Тој е комплетен напаѓач. Силен е со топката, без топката, силен е во воздухот, шутира со левата, со десната. Тој е најдобриот напаѓач на светот“, изјави италијанскиот стручњак и додаде:
„Сепак, за да го доведете него, ќе ви бидат потребни најмалку сто милиони фунти“, додаде менаџерот на Челзи.
Конте даде коментар и за Кајл Вокер, кој од Тотенхем направи трансфер во Манчестер сити за 45 милиони фунти, и изјави дека англискиот бек бил цел на Челзи.
„Пробавме да го доведеме, но е скап. Секој играч е скап, десен бек, лев бек, стопер, сите се скапи. Тешко е да се доведат засилувања“, изјави Италијанецот.
Шампионот на Англија во досегашниот дел на преодниот рок, покрај Мората, го доведе дефанзивниот играч Антонио Ридигер од Рома за 35 милиони евра.

 

Најнови вести