Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2017

Ултиматум на Конте до управата за четири засилувања

Менаџерот на актуелниот шампион во Премиер лигата, Антонио Конте, не го крие незадоволството од преодниот рок, а особено од директорката на клубот Марина Грановскаја.

Италијанецот речиси постави ултиматум да му се донесат саканите засилувања.
Поранешниот тренер на Јувентус и италијанската репрезентација бара најмалку четири нови имиња. На врвот на листата е фудбалерот од средината на теренот Дени Дринквотер кој со Лестер беше шампион на Англија. Тука се уште и Рос Баркли од Евертон, Алекс Окслејд-Чемберлен од Арсенал и Алекс Сандро од Јувентус.
Конте не е задоволен ниту од напаѓачките опции, па можно е да изврши притисок на Свонси да го доведе Фернандо Лоренте. Исто така, иалијанскиот стручњак сака да го доведе и Вирџил ван Дијк од Саутхемптон за да ја засили одбраната која ќе игра на четири фронтови.
Челзи досега го доведе Алваро Мората за 64 милиони евра, Бакајоко за 44 и Ридигер за 32 милиони евра.

 

Најнови вести