Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2017

Зидан: Благодарам Македонија!

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан со освојувањето на Суперкупот ја продолжи серијата успеси со „кралскиот клуб“ и се заблагодари на гостопримството во Македонија.

„Здраво ја почнавме новата сезона. Тајната на нашиот клуб е тимот и луѓето кои работат за него“, изјави Зидан.
„Што се однесува до престојот во Македонија беше неверојатно пријатен. Стадионот е величествен, луѓето беа многу љубезни и Реал Мадрид е многу благодарен“, додаде Зидан.
Некогашниот најдобар светски фудбалер е среќен што Кристијано Роналдо го „почувствува“ теренот во Скопје. Португалецот влезе во игра во 83-тата минута на местото на Карим Бензема.
„Планирав Кристијано да го оставам на клупата за резерви затоа што почна да тренира пред три дена. Важно е да е во состојба во недела против Барселона да биде на теренот. Со него сè е во ред“, изјави Зидан.
„Овој тим е гладен, секогаш сакаат повеќе. Имаме многу талентирани фудбалери и со напорна работа можеме да постигнеме одлични резултати. Натпреварот го почнавме готово совршено, посебно во првото полувреме. Невозможно е да се игра добар фудбал во текот на целиот натпревари, особено зошто имавме силен ривал. Да постигнеше Бејл трет гол ќе ни беше полесно, но имаме карактер и понатаму сонуваме за големи победи“, заврши Зидан.
Во недела во 22 часот Барселона ќе биде домаќин на првиот натпревар од Суперкупот на Шпанија, а реваншот се игра четири дена подоцна.

Најнови вести