Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2017

Јвентус нуди 25 милиони евра за Џан, Ливерпул бара повеќе

Италијанскиот шампион Јувентус е заинтересиран во своите редови да го доведе Емре Џан од Ливерпул, иако „старата дама“ не сака да ја понуди бараната сума која англискиот клуб ја бара за германскиот фудбалер.

Италијанските медиуми пренесуваат дека не е тајна дека Масимилијано Алегри бара засилувања за средината на теренот, особено по поразот во Лигата на шампионите од Реал Мадрид.
„Газето дело спорт“ во вторникот наговести дека Јувентус се откажал од Блеиз Матуиди од ПСЖ и Стивен Н’зонзи од Севилја и се насочил кон Емре Џан, а поред вчерашните информации гигантот од Торино влегол во преговори со Ливерпул за реализирање на трансферот.
Според тие извори Јувентус понудил 25 милиони евра, што е пет милиони помалку од сумата која ја бара Ливерпул.
Дваесет и тригодишниот Џан има договор со важност од една година и не потпиша нов по неуспешните преговори по крајот на сезоната. Во Ливерпул дојде во 2014 година, а претходно играше за Баерн Минхен и Баер Леверкузен.

Најнови вести