Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2017

Рамос: Судиите треба да нè пуштат да играме, како во Премиер лигата

Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, изјави дека е неправедно исклучен во последните минути од натпреварот против Депортиво во Ла Коруња.

Екипата на Зинедин Зидан славеше без никакви проблеми со 3-0, но дуелот го обележаа двата жолти картони упатени до Рамос, поради што порано мораше да го напушти теренот. Тоа беше вкупно 18-ти црвен картон кој му е доделен во Ла Лига, со што се изедначи со неславниот рекорд.
„Може да разговараме слободно. Не му се допаѓа никому што добро му оди на Реал, но можеме мирно да спиеме. Имаше неколку контроверзни моменти. Најбитно беше да се почне со победа, но кога ќе излезете од теренот со втор жолт картон...“, изјави напаѓачот на Реал.
Сега Шпанецот има 23 црвени картони во сите натпреварувања, во 526-те натпревари кои ги одигра за кралскиот клуб.
„Некои луѓе би требало да посветат повеќе внимание на она што го работат. Можеби судиите повеќе дозволуваат во Лигата на шампионите и на меѓународните натпревари. Треба повеќе да се угледаме на англискиот модел, каде што дозволуваат повеќе работи. Тоа е подобро од она што го работиме ние. Десет пати ја погледнав причината поради која го добив вториот жолт картон и не постои намера да го повредам ривалот“, изјави Рамос.
Клубот од Мадрид најави дека ќе поднесе жалба за вториот доделен картон.

Најнови вести