Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2017

Венгер: Имам силен тим, Алексис е среќен овде

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека има голема веројатност Алексис Санчес да игра во недела, во натпреварот против Ливерпул на „Енфилд роуд“.

Чилеанецот поради повреда го пропушти натпреварот од Комјунити шилд и првите две кола во Премиер лигата. Многумина сметаат дека вистинската причина за неговото отсуство е желбата да го напушти клубот од „Емирати“.
„Се наоѓа во добра форма, тренираше многу силно изминатите дена и е во конкуренција за Ливерпул. Тој е среќен овде, фокусиран е на играта. Сакам да му се посветам на тимот, а не премногу да обрнувам внимание на договорите на играчите. Знам за секоја понуда која ја добивме за него, но подобро е да се фокусирам на играта“, изјави Венгер.
Според зборовите на францускиот стручњак, Арсенал до крајот на преодниот рок најверојатно нема да доведува засилувања, додека сигурно ќе има заминувања.
„Приказната околу Лемар е завршена, Монако ја затвори вратата. Среќен сум колку е силен тимот, но имаме многу играчи поради што некои не добиваат шанса да играат. Тоа е голем проблем, не можам да им дадам шанса на младите“, изјави Французинот.
Арсенал по победата во првото коло над Лестер, доживеа пораз од Стоук. Натпреварот против Ливерпул го игра во недела, од 17 часот.

Најнови вести