Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2017

Балде во Монако – замена за Мбапе или за Лемар?

Кеита Балде, досегашниот играч на Лацио, кариерата ќе ја продолжи во Монако, а трансферот е вреден 30 милиони евра, плус дополнителни бонуси.

Сенегалецот роден во Шпанија се наоѓа во Монте Карло, каде што во текот на денот би требало да ги направи лекарските прегледи и да потпише за шампионот на Франција.
Французите пренесуваат дека останува нејасно дали Кеита Балде во клубот доаѓа како замена за Килијан Мбапе, кој кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, или за Том Лемар, за кого сериозно е заинтересиран Ливерпул.
Она што е сигурно е дека следуваат возбудливи денови во Кнежевството.
Вчера нов член на Монако стана црногорскиот репрезентативец Стеван Јоветиќ.

Најнови вести