Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2017

Бразил експресно ќе го воведе системот ВАР по грешките на судиите

Фудбалскиот сојуз на Бразил соопшти дека ќе го забрза планираното воведување на системот ВАР во првата фудбалска дивизија по големите грешки во дербито на првенството меѓу Коринтијанс и Васко де Гама.

Коринтијанс го совлада Васко де Гама со голот на Жо во 74-тата минута со минимален резултат од 1-0, голот не беше регуларен бидејќи напаѓачот на Коринтијанс играше со рака и тоа пред очите на судијата зад голот, кој не го забележа тоа.
Судијата Резенде остана на одлуката дека голот е валиден, што на крајот се покрена акција за експресно инсталирање на системот за видеоасистенти на бразилските стадиони.
Планот беше тоа да се направи по завршувањето на првенството, но на крајот на судиите ќе им помагаат видеоасистенти уште од почетокот на октомври.
Фудбалскиот сојуз на Бразил претходно го тестираше системот ВАР, но не очекуваше дека ќе го употреби толку брзо. Коринтијанс со победата над Васко де Гама остана на првото место на табелата на бразилската Серија А со 53 бода по 24 одиграни кола, додека Гремио е втор со десет бода помалку. Бразилскиот шампионат завршува на трети декември.

Најнови вести