Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2013

Коринтијанс без гледачи во Копа Либертадорес

Јужноамериканската фудбалска федерација го казни бразилскиот клуб Коринтијанс со играње пред празни трибини на домашните натпревари во Копа Либертадорес.

Одлуката важи на неопределено време додека владејачкото тело на јужноамериканскиот фудбал не донесе конечна пресуда за овој случај.
Оваа казна следува по трагичната смрт на четиринаесетгодишно момче, навивач на боливискиот Сан Хозе. Тинејџерот на натпреварот одигран овој месец, набрзо по водството на Коринтијанс во шестата минута, бил погоден со пиротехничко средство во окото. Прогласен е мртов веднаш по пристигнувањето во болница, а боливиските медиуми тврдат дека ракетата ја фрлиле гостинските бразилски навивачи.
По оваа одлука, светскиот клупски првак Коринтијанс, ќе игра пред празни трибини на својот стадион против колумбискиот Милонариос следната среда, како и на натпреварите против Тихуана и Сан Хозе.

Најнови вести