Корисничко име Лозинка Пријави се
28.7.2016

Тимот на Ескобар стана шампион на Јужна Америка

Фудбалерите на Атлетико Насионал од Колумбија се новите шампиони на Јужна Америка.

Клубот од Меделин, кој го одбележа крајот на 80-тите години на минатиот век под водството на наркобосот Пабло Ескобар, стигна до втората титула во Копа Либертадорес во својата историја.
Атлетико во финалето на овогодинешното издание на латиноамерикансакта верзија на Лигата на шампионите го совлада второто големо изненадување на натпреварувањето Индепендиенте Дел Вале со победа од 1-0 на домашен терен, откако во Еквадор беше 1-1.
Јунак на реванш натпреварот во Меделин беше Мигел Борха кој веќе во деветтата минута го погоди голот по одбивањето од одбраната на голманот на гостите.
Претходната титула за шампион на Јужна Америка Атлетико Насионал ја освои во 1989 година, а заврши токму во рацете на Ескобар. Овој пат до трофејот стигнаа без покровителство на наркобосовите.

Најнови вести