Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2016

Трагедија во Колумбија, се сруши авион со фудбалерите на Шапекоенсе

Се случи голема трагедија во Јужна Америка, настрадаа фудбалерите на бразилскиот клуб кој утре требаше да игра во финалето на Копа Судамерикана. Има неколкумина преживеани...

Авион со 81 лице, вклучувајќи ги и сите членови на фудбалскиот клуб Шапекоенсе од Бразил се сруши ноќеска во централна Колумбија, на летот од Боливија до Колумбија.
Според достапните информации, има преживеани, а тоа го потврди и АФП, објавувајќи дека шестмина патници ја преживеале оваа трагедија.
Градоначалникот на најблискиот град Ла Сеха, Елкин Оспина, за АФП изјави дека најверојатно причина за падот е тоа што авионот снемал гориво.
Споменатиот бразилски клуб утре требаше да го одигра едниот од двата финални натпревари на Копа Судамерикана со колумбискиот тим Атлетико Насионал од Меделин.

Најнови вести