Корисничко име Лозинка Пријави се
01.10.2013

Зуњига во Наполи до 2018 година

Колумбискиот репрезентативец Хуан Камило Зуњига го продолжи договорот со Наполи до 2018 година, потврди претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис на „Твитер“.

Деталите на соработката не се соопштени, а италијанските медиуми пренесуваат дека клаузулата за откуп на договорот на 27-годишниот фудбалер изнесува 35 милиони евра.
Интерес за Зуњига, кому договорот со клубот од Неапол му истекуваше во јуни 2014 година, ова лето покажа Јувентус, но и шпанската Барселона.
Зуњига во Италија стигна од Атлетико Насионал во 2008 година. Првата сезона на Апенинскиот Полуостров ја помина во Сиена, а од 2009 година е член на Наполи.
Дресот на репрезентацијата на Колумбија го носеше 51 пат и постигна еден гол.

Најнови вести