Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2012

Копа Судамерикана: Скандалозен завршеток и титула на Сао Пауло

Бразилскиот фудбалски клуб Сао Пауло е победник на јужноамериканското издание на Лигата на Европа, Копа Судамерикана, по контроверзниот реванш-натпревар против аргентинскиот Тигре.

Натпреварот, кој се играше во Сао Пауло, гостинските фудбалери одбија да го продолжат по првите 45 минути по, наводно, бруталните лица од обезбедувањето за време на полувремето. Сао Пауло дојде до предност од 2-0 (првиот натпревар 0-0), но средбата не продолжи кога тренерот на Тигре, Нестор Горосито, одби да ја изведе својата екипата на теренот.
„Лицата од обезбедувањето им вперија два револвери на моите играчи, додека некои од нас беа тепани со пендреци. Тоа што се случи беше чисто лудило! Одлучивме дека нема да се вратиме на теренот бидејќи се плашевме за својата сигурност“, рече Горосито.
На ваквите сцени им претходеше тепачка на играчите на самиот крај на првото полувреме, по што двајца играчи, по еден од секоја страна, заработија црвени картони.
Иако сè уште сосема е нејасно што се случи точно и зошто во соблекувалната на Тигре во полувремето, аргентинската телевизија објави снимки на кои ѕидовите во гостинската соблекувална се крвави, исто како и некои членови на тренерската постава.
Главниот делегат на средбата, Ромер Осуна, потврди дека гостинските фудбалери не сакале да се вратат на теренот бидејќи биле во страв од ново насилство врз нив.
„Одлучија да не играат бидејќи сметаа дека нивната сигурност е загрозена“, рече Осуна.
Енрике Осес од Чиле, главниот судија на средбата, 30 минути ги чекаше играчите на Тигре, по што одлучи титулата да му ја даде на Сао Пауло.

Најнови вести