Корисничко име Лозинка Пријави се
07.12.2015

Најдобриот стрелец меѓу голманите заминува во пензија

Најдобриот стрелец меѓу голманите на сите времиња заминува во пензија - Бразилецот Рожерио Сени ќе замине во пензија по 25 години професионален фудбал.

Голманот на Сао Пауло, за кој одигра 1236 натпревари во текот на својата кариера, постигна 131 гол, а се повлекува во својата 42-ра година поради повреда.
Сени од 1997 година во секоја сезона има постигнато барем два гола и стана најдобар стрелец меѓу голманите во историјата на оваа игра. Кариерата ја започна во 1990 година во Синоп од Мато Грос.
Сени не брани од 28 октомври поради повреда на стапалото, која нема да успее да ја излечи до крајот на сезоната, па официјално збогување со фудбалот ќе има на 11-ти декември во Морумија, на натпреварот на кој ќе настапат играчи кој на Сао Пауло му ја донесоа титулата првак на светот во 1993 година против Барселона и 2005 година со Ливерпул.
Одличниот голман е шести најдобар стрелец во историјата на Сао Пауло, а пред него се само Сежињо Чулапа, Луис Фабијано, Франк, Џино и Милер, покрај него тоа се единствените играчи кои имаат постигнато повеќе од 100 голови за овој клуб.
Во текот на кариерата тој освои 19 трофеи со Сао Пауло и еднаш со Синоп, вклучувајќи ги и трите титули на првак на Бразил, два Копа Либертадорес и еден Копа Судамерикана.
Со Бразил беше првак на светот во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја, го освои Купот на конфедерацијата во 1997 година.
Беше капитен на Сао Пауло од 1999 година.

Најнови вести