Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2013

На Баерн му се враќа Мануел Нојер

Мануел Нојер, германскиот фудбалски голман и член на Баерн Минхен, закрепна од проблемите со повредата и оваа седмица ќе се врати за пријателскиот Ауди куп.

Нојер го пропушти натпреварот од германскиот Суперкуп минатиот викенд, во кој Баерн е поразен со 4-2 на гостувањето кај Борусија Дортмунд. Меѓутоа, германскиот репрезентативец сега е спремен за враќање, што дефинитивно е добра вест за тренерот Пеп Гвардиола, пред кого е предизвикувачка сезона во која брани дури три титули (Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампионите).
„Мануел имаше мали проблеми со повредата, но сега повторно е спремен. Ќе игра денес и утре“, изјави Гвардиола на конференција за новинарите.
Баерн Минхен денес игра со Сао Пауло, а утре во натпревар за третото место или финалето против Манчестер сити или Милан.
Новата бундеслигашка сезона почнува на десетти август, а Баерн ја отвора против Менхенгладбах.

Најнови вести