Корисничко име Лозинка Пријави се
26.11.2013

Рожерио Сени го сруши рекордот на легендарниот Пеле

Легендарниот бразилски голман Рожерио Сени во неделата го сруши рекордот на еден од најголемите светски фудбалери на сите времиња, Пеле.

Во 36-тото коло на бразилското првенство, Сени во натпреварот против Ботафого го забележа 1117 настап во дресот на Сао Пауло. Со тоа стана рекордер по бројот на одиграни натпревари за еден клуб во Бразил, престигнувајќи го големиот Пеле, кој собра 1116 настапи за Сантос. Во натпреварот за историјата Сени, сепак, не успеа да ја сочува својата мрежа и средбата заврши нерешено 1-1.
Освен овој рекорд, Сени држи уште еден: со 113 постигнати голови е најдобар стрелец меѓу голманите во историјата на фудбалот.
Сени има 40 години, а за Сао Пауло игра од 1992 година. За бразилската репрезентација настапи 17 пати.

Најнови вести