Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2015

Монако го донесе Бошилија

Францускиот прволигаш Монако продолжува со политиката да ангажира талентирани млади фудбалери и потоа да ги продаде за големи суми.

Последен во низата е младиот репрезентативец на Бразил, Габриел Бошилија, кој дојде од Сао Пауло. Деветнаесет годишниот Бошилија игра на позицијата офанзивен играч за врска, а неодамна го освои среброто на Мундијалот за фудбалери до 20 години.
„Многу сум горд што дојдов во клуб какво што е Монако. Сигурен сум дека овдеќе имам шанса да напредувам и како играч и како личност. Исто така се надевам дека ќе му помогнам на клубот веќе на мечевите против Валенсија во квалификациите за Лигата на шампионите“, изјави младиот Бразилец.
Во играчката кариера во сениорската конкуренција Бошилија настапувал само за Сао Пауло на 24 натпревари на кои два пати бил стрелец.

Најнови вести