Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2015

Валенсија го доведе Бразилецот Кајо

Шпанскиот фудбалски клуб го потврди трансферот на младиот бразилски фудбалер Родриго Кајо од Сао Пауло.

Кајо има 21 година и ги покрива позициите играч од задниот ред за врска и стопер, а ги помина сите млади категории на Сао Пауло.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, клубот од „Месталја“ за трансферот издвоил 12,5 милиони евра, плус четири милиони во зависност од одиграните натпревари на играчот.
Кајо е второ засилување на Валенсија ова лето, откако во петокот беше објавено доаѓањето на Андре Гомес од Бенфика.

Најнови вести