Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2013

Реал Мадрид го доведе младиот Каземиро од Сао Пауло

Младиот 20-годишен бразилски играч за врска Каземиро дојде на заем во Реал од Мадрид. За почеток ќе игра за екипата Б на клубот во втората шпанска лига.

Каземиро доаѓа од Сао Пауло, кој му го даде на заем на Реал до крајот на тековната сезона, со можност и на подолг период да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Младиот фудбалер беше светски шампион со бразилската младинска репрезентација во 2011 година, а лани со Сао Пауло ја освои Копа Судамерикана, второ по квалитет јужноамериканско клупско натпреварување. Досега собра три настапи за сениорската бразилска екипа.
„Многу сум среќен. Напуштив еден од најдобрите светски клубови и дојдов во таков. Ќе се обидам да дадам сè најдобро од себе и да направам добра работа. Цел ми е да се прилагодам најбрзо што можам и да му помогнам на Реал Б, но секако, на крајот би сакал да добијам шанса во првата екипа“, порача Каземиро.

Најнови вести