Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2014

Даглас и официјално на „Камп ноу“

Барселона објави дека постигнала договор со Сао Пауло околу трансферот на дефанзивниот играч Даглас во редовите на вицешампионот на Шпанија.

Даглас Переира дос Сантос, кој е производ на школата на Гремио, ја покрива позицијата десен бек, а каталонскиот клуб за него ќе издвои околу 5,5 милиони евра.
„Барселона и Сао Пауло постигнаа договор околу трансферот на играчот Даглас Переира на ’Камп ноу’. Цената на трансферот изнесува четири милиони евра, додека за бонуси се предвидени уште еден и пол милион, во зависност од учинокот на теренот“, се наведува во соопштението на клубот.
Барселона ова лето потроши повеќе од 120 милиони евра, бидејќи ова ѝ е последен преоден рок во којшто може да пазари поради суспензијата на ФИФА до 2016 година. Каталонците ова лето се засилија со: Луис Суарес, Иван Ракитиќ, Томас Вермелен и Жереми Матје, како и со голманите Клаудио Браво и Марк-Андре тер Штеген.
Даглас на крајот на оваа седмица ќе допатува во Шпанија и ќе потпише петгодишен договор.

Најнови вести