Корисничко име Лозинка Пријави се
21.1.2014

Переира на заем во Сао Пауло

Уругвајскиот репрезентативец Алваро Переира наредната година и пол ќе игра на заем во екипата на Сао Пауло.

Переира е член на Интер од Милано, за кого одигра само пет првенствени натпревари оваа сезона.
Се шпекулира дека причината за заминување од миланскиот клуб е тоа што сака да се врати во натпреварувачка форма пред Светското првенство.
„За мене Сао Пауло е голем предизвик. Сакам да ја продолжам успешната традиција која ја имаа Уругвајците во овој клуб. Се работи за еден од најголемите клубови на светот“, изјави Переира за интернет-страницата на Сао Пауло.
Тој во досегашната кариера играше за: Мирамар, Килмес, Аргентинос јуниорс, ЦФР Клуж, а во Интер дојде во 2012 година.
Переира за селекцијата на Уругвај досега одигра 52 натпревари и постигна пет голови.

Најнови вести