Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2012

Лусио потпиша за Сао Пауло

Лусио, неодамнешниот фудбалер на Јувентус, се врати во родната земја и потпиша договор со Сао Пауло.

Искусниот одбранбен фудбалер во текот на летото од Интер премина во Јувентус како слободен играч, но не играше, па договорно ја раскина соработката.
„Доаѓањето на Лусио за нас е остварување на сонот“, рече Адалберто Баптиста, директорот на Сао Пауло, бидејќи Лусио потпиша двегодишен договор.
Триесет и четиригодишниот играч се враќа во татковината за прв пат по 2001 година, кога отиде во Баер Леверкузен, а во Европа играше уште и за Баерн Минхен, Интер и Јувентус.

Најнови вести