Корисничко име Лозинка Пријави се
13.3.2013

Миранда потпиша двегодишно продолжение со Атлетико Мадрид

Бразилскиот стопер Жоао Миранда потпиша двегодишно продолжување на договорот со Атлетико Мадрид, кое за клубот од „Висенте Калдерон“ ќе го врзе до летото 2016 година.

„Многу сум среќен. Напорно работев за да го заслужам продолжувањето и мислам дека ова е добар договор за двете страни. Во Атлетико се чувствувам како дома. Мадрид е мој дом и сакам да бидам овде“, изјави Миранда за официјалната интернет-страница на клубот.
Миранда во Атлетико дојде во 2011 година од Сао Пауло, а оваа сезона настапи во 24 првенствени натпревари и притоа постигна два гола. Претходно во кариерата ги бранеше боите на Коритиба и Сошо, а за бразилската репрезентација настапи седум пати.

Најнови вести