Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2014

Рожерио Сени најави крај на кариерата

Најдобриот голгетер меѓу голманите, најдобриот голман меѓу голгетерите, Бразилецот Рожерио Сени, објави дека на крајот на сезоната ќе ја заврши богатата кариера.

Сени има 41 година, а рекордер е по бројот на голови кои ги постигнал еден голман со 114 голови за Сао Пауло, неговиот единствен клуб во кариерата за кого одигра 1135 натпревари.
„На крајот на сезоната ја завршувам кариерата. Ова е моја последна година, не само во дресот на Сао Пауло, туку воопшто и како професионален фудбалер“, изјави Сени пред почетокот на новата сезона во бразилската Серија А.
Сени одамна го надмина голманскиот рекорд на парагвајскиот голман Хозе Луис Чилаверт кој има 59 голови, а лани го собори и рекордот на легендарниот Пеле надминувајќи ги неговите 1116 натпревари за Сантос со 19 меча повеќе за Сао Пауло, скор кој ќе го поправи до крајот на кариерата.
Овој уникатен фудбалер 16 пати го носел дресот на бразилската репрезентација со која го освои Светското првенство во 2002 година. Покрај головите, Сени често беше во центарот на вниманието и заради честите дриблинзи, но и неверојатните одбрани.

Најнови вести