Корисничко име Лозинка Пријави се
19.2.2013

Сантос еден натпревар без публика поради фрлање парички

На Сантос му е изречена казна од еден натпревар играње пред празни трибини поради тоа што неговите навивачи со парички го гаѓаа поранешниот играч Пауло Енрике Гансо во натпреварот со Сао Пауло.

На Гансо беше фрлен вистински дожд од ковани парички додека изведувал корнер и кога го напушталтеренот, соопшти Судот за правда во спортот во Сао Пауло.
Жоао Газола, играчот на Сантос, сепак на тој инцидент, кој се случи на трети февруари во победата од 3-1 на Сантос над Сао Пауло, му придаде мало значење.
„Никој не сакаше да го повреди играчот. Тоа беше протест на неколку луѓе. Паричките се израз на незадоволство. Се надевам дека Гансо е среќен во Сао Пауло, но Сантос, сепак, е многу поголем клуб“, рече Газола.
Преминувањето на Гансо во Сао Пауло навивачите го сфатија како неверство, бидејќи очекуваа дека тој ќе остане во клубот или ќе замине во Европа.

Најнови вести