Корисничко име Лозинка Пријави се
23.9.2014

Сантос нов селектор на Португалија

Познатиот фудбалски тренер Фернандо Сантос е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Португалија, вчера соопшти Фудбалскиот сојуз на таа земја.

Сантос попладне во Лисабон ќе ја одржи првата конференција за новинарите.
На функцијата селектор ќе го замени Пауло Бенто, кој доби отказ по поразот од Албанија (1-0) на стартот на квалификациите за Европското првенство.
Покрај овие две селекции, во таа квалификациска група се натпреваруваат Србија, Ерменија и Данска.
Претходните  четири години овој тренер ја водеше репрезентацијата на Грција, со која дојде до осминафиналето на Мундијалот во Бразил. Грците ги предводеше и на континенталниот шампионат 2012 година во Полска и Украина.
Сантос во кариерата ги тренираше Есторил, Естрела да Амадора, Порто, АЕК од Атина, Панатинаикос, Спортинг од Лисабон, Бенфика и ПАОК.
Со тоа се прекинати шпекулациите дека Роберто Манчини, поранешниот тренер на Интер, Манчестер сити и на Галатасарај, би можело да седне на клупата на Португалците.

Најнови вести