Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2015

Сантос: Тешко дека некој ќе нè победи

Фернандо Сантос, селекторот на Португалија, изјави дека неговата екипа сè уште не обезбедила пласман на Европското првенство, но дека од неа зависи ситуацијата во групата И.

„Играчите мора да мислат на наредниот натпревар. Сè зависи од нас, но имаме уште четири натпревари, еден на домашен терен и три надвор. Нè чека многу работа, но ако играме со ваков став, тешко дека некој ќе ја победи Португалија“, изјави Сантос.
Фудбалерите на Португалија во Лисабон ја победија Србија со 2-1, во натпреварот од четвртото коло на групата И во квалификациите за Европското првенство 2016 година во Франција, и со девет бодови го презедоа првото место на табелата. Србија остана претпоследна со еден бод.
Натпреварот на „Естадио да Луз“ го гледаа околу 58.000 луѓе, а селекторот на Португалија ги пофали навивачите.
„Ѝ благодарам на публиката што го исполни стадионот и покажа голема страст за репрезентацијата. Во одлучувачкиот момент, кога Србија изедначи, навивачите реагираа неверојатно и го поведоа нашиот тим, па Португалија набрзо го постигна победоносниот гол. Беа нашиот 12-ти играч“, изјави Сантос.

Најнови вести