Корисничко име Лозинка Пријави се
07.7.2014

Рикардо Кака се враќа во Сао Пауло

Бразилецот Рикардо Кака изјави дека е пресреќен што се враќа во Сао Пауло по 11 години поминати во странство.

Некогашниот најдобар играч на планетата во јуни го раскина договорот со Милан, по што стана играч на Орландо сити, но неговиот дрес ќе го облече во 2015 година, кога тимот ќе почне да се натпреварува во МЛС-лигата.
„Ова е многу посебен ден за мене, поминаа 11 години, а јас се вратив во клубот во којшто пораснав. Кога ве гледам сите вас, мои пријатели, семејството... Пресреќен сум“, изјави Кака.
Поранешниот играч на Реал од Мадрид на трибините на стадионот „Морумби“ го дочекаа 20 илјади навивачи.
„Навистина не можам да ви објаснам како се чувствувам. Ова е специјален ден за мене. Сао Пауло беше тој што ме однесе во светото на фудбалот, па самото враќање овде е многу емотивно и важно за мене“, додаде Кака.
„Не можам да дочекам да заиграм, иако не знам кога точно ќе биде тоа. Особено сега, кога имам шанса да играм со двајцата идоли – Рожерио Сени и Луис Фабијано“, додаде Бразилецот.
На крајот на обраќањето, Кака даде коментар и на главната тема во земјата на фудбалот и кафето – отсуството на повредениот Нејмар од завршницата на Мундијалот.
„Како голем љубител на фудбалот можам да бидам само тажен, и Бразил и Мундијалот губат многу со неиграњето на Нејмар во самата завршница. Тоа во голема мера ќе се одрази на техничкото издание на Бразил, но мислам дека тимот го има во себе она што е потребно за да дојде до големото финале. Тоа низ што минува Нејмар е многу специфично... Се наоѓа во тешка ситуација, бидејќи сè се случува во неговата татковина. Сега плачеме поради него, но во иднина ќе се смееме“, изјави еден од најдобрите играчи на овој век.

Најнови вести