Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2016

Тага во една слика: Соиграчите жалат за загинатите

Не постојат зборови со кои би можело да се опише тагата која вчера го снајде бразилскиот фудбал.

Фотографијата на тројцата фудбалери на Шапекоенсе, коишто поради повреда и суспензија не влегле во авионот за Меделин, во соблекувалната на клубот со голема брзина се прошири на социјалните мрежи и најдобро ја опишува состојбата по трагичниот настан.
На фотографијата, на која тројцата фудбалери седат на своите места во празната соблекувална, без ниту еден напишан збор, се гледа големината на трагедијата по падот на колумбискиот авион во кого животот го загубија 77 лица, а меѓу нив и бразилските фудбалери коишто патуваа на првиот натпревар од финалето на Копа Судамерикана против Атлетико Насионал.
Четири лица го преживеаја падот, фудбалерите Алан Рушел и Џексон Фолман, новинарот Рафаел Хенцел и членот на екипажот Химен Суарес, додека голманот Данило им подлегна на повредите во болница.
Финалето на Копа Судамерикана меѓу Атлетико Насионал и Шапекоенсе е откажано по падот на авионот на бразилскиот клуб, објави Јужноамериканската конфедерација.

Најнови вести