Корисничко име Лозинка Пријави се
27.9.2017

Челзи: Азар ќе стане најплатен фудбалер на Премиер лигата

Фудбалскиот клуб Челзи соопшти дека подготвил нов договор за неговиот првотимец Еден Азар.

Белгиецот наместо досегашните 220.000 фунти, седмично ќе заработува по 300.000, со што ќе стане најплатен фудбалер на Премиер лигата.
За офанзивниот фудбалер беше заинтересиран Реал Мадрид, но челниците на клубот од Лондон наводно не биле заинтересирани ниту да преговараат бидејќи сакале по секоја цена да го задржат.
Азар долго паузираше поради повреда на глуждот, но неодамна се врати на терен и го одигра натпреварот против Лестер, во којшто Челзи славеше со 2-1.
Подоцна одигра уште два натпревари, против Арсенал и против Стоук.

Најнови вести