Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2017

Рибери ќе паузира неколку седмици

Рибери минатиот викенд на натпреварот против Херта, кој заврши со резултат 2-2, ги скина лигаментите на левото колено кога незгодно застана на топката.

Франк Рибери, фудбалерот на Баерн Минхен, ќе отсуствува од теренот неколку седмици поради повреда на левото колено, соопштија вчера „баварците“.
Рибери минатиот викенд на натпреварот против Херта, кој заврши со резултат 2-2, ги скина лигаментите на левото колено кога незгодно застана на топката.
„Жал ни е што се повреди Рибери. Му посакуваме брзо закрепнување“, изјави Карл-Хајнц Румениге, претседателот на клубот од Минхен.
Баерн во соопштението наведе дека на Рибери нема да му биде извршена операција, како и дека веќе почнал со закрепнување.
„Понатамошните терапии и тренинзите ќе бидат одредувани во зависност од процесот на закрепнување“, пишува во соопштението.

 

Најнови вести