Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2017

Зидан: Кејн е клучен играч за Тотенхем

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, пред натпреварот со Тотенхем во Лигата на шампионите изјави дека Хари Кејн, фудбалерот на англискиот клуб, е комплетен играч.

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва, од 20.45 часот, на нивниот стадион играат против Тотенхем во натпреварот од третото коло на групата Х во Лигата на шампионите.
По две одиграни кола, Кејн е најдобар стрелец на најелитното европско фудбалско натпреварување со пет постигнати погодоци.
„Тој е клучен играч за Тотенхем, многу е добар во секој аспект, но најдобро од сето тоа е што тој секогаш мисли како да постигне гол. Тој е комплетен играч, иако не изгледа така, но секогаш се појавува таму каде што е потребно“, изјави Зидан.
Медиумите претходните седмици шпекулираа дека Реал е заинтересиран за 24-годишниот Кејн.
„Не знам што ќе се случи во иднина“, изјави тренерот на мадридскиот клуб.
Фернандо Љоренте, фудбалерот на Тотенхем, изјави дека неговата екипа има шанси против бранителот на титулата.
„Имаме одлични играчи коишто можат да играат многу добар фудбал и го имаме Хари Кејн, кој, во овој момент, секоја шанса ја претвора во гол. Нема многу големи разлики меѓу најдобрите европски екипи, а во нив го вбројувам и Тотенхем. Реал може лесно да те отпише бидејќи е поквалитетен и поефикасен од повеќето тимови, но секогаш ти дава шанса“, изјави Љоренте.
Во другиот натпревар од групата Х, во дуелот меѓу екипите коишто немаат освоено ниту еден бод, АПОЕЛ вечерва, од 20.45 часот, не негов терен ќе игра против Борусија од Дортмунд.

Најнови вести