Корисничко име Лозинка Пријави се
20.11.2017

Зидан: Зошто да не го стигнеме заостанувањето од десет бода?

Зинедин Зидан, тренерот на Реал од Мадрид, изјави дека смета дека трката за титулата не е изгубена и покрај тоа што неговиот тим заостанува со десет бода зад водечката Барселона.

Шампионот на Европа и на Шпанија ремизираше 0-0 во градското дерби со Атлетико и по 12 одиграни кола, се наоѓа на третото место на табелата.
„Има уште многу да се игра, многу бодови се во опција. Ситуацијата ќе се промени, Барселона нема постојано да победува, мораме да бидеме подготвени“, изјави тренерот на кралскиот клуб.
Иако досега никој не успеал да го надополни заостанувањето од десет бода и да ја освои титулата во Шпанија, Зидан изјави дека верува во спротивното.
„Зошто не би можеле да го достигнеме заостанувањето од десет бода? Сè може брзо да се промени. Мораме да размислуваме на тој начин и да се бориме до крајот“, изјави Зидан.
Мадридскиот клуб утре го игра натпреварот од групата Х во Лигата на шампионите против АПОЕЛ во Никозија.

 

Најнови вести