Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2017

Гвардиола: Ќе го „убијам“ секој кој ќе се опушти

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, ги предупреди неговите играчи дека не смеат да се задоволуваат со постигнатото во раната фаза на сезоната.

Сити надмоќта во Премиер лигата ја продолжи со триумфот над Лестер со 2-0 – тоа беше 11-тата победа во 12 лигашки натпревари со гол-разлика 40-7.
„Нема да се релаксираат бидејќи јас сум им менаџер. Нема да се случи тоа. Ќе ги убијам. Нема релаксирање во моите тимови. Може да играат лошо, ќе губиме натпревари, тоа се случува, но важно е секогаш да имаме волја. Не сме тим кој шпекулира“, изјави шпанскиот стручњак.
На прашањето дали може Габриел Жесус и Серхио Агуеро да играат заедно, Гвардиола изјави:
„Двајцата заслужуваат да играат, но имаат различни квалитети. Има многу натпревари и мора да бидат подготвени. Тие ќе може да играат заедно кога ќе ни се врати Менди, бидејќи тој може да игра по страните – Делф не може и затоа без Медни странично може да игра Сане“.
Сити денес ќе игра со Феенорд во натпреварот од Лигата на шампионите, а тука му оди одлично бидејќи веќе обезбеди пласман во следната рунда.

Најнови вести