Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2017

Во Лацио се жалат: Скандал, оштетени сме!

Лацио беше поразен во едно од дербијата на 16-тото коло во Серија А од Торино на неговиот „Олимпико“ со резултат 1-3, а Игли Таре, директорот на клубот, ги обвини судиите дека имале значајно влијание врз исходот на натпреварот.

Чиро Имобиле беше исклучен по употребата на технологијата ВАР, додека кај прекршокот на Јаго Фалке судијата пропушти да досуди пенал за „лацијалите“.
„Сакаме да биде појаснето на кој начин се интерпретираат ваквите ситуации“, изјави Таре.
„Јасно е дека Лацио е оштетен. Довде дојдовме без никакво крадење, играјќи добар фудбал, со екипа која го заслужила секој освоен бод. Сакаме ние да бидеме тие коишто ја контролираат својата судбина, а не некој друг да има толкава моќ да влијае на играта“, додаде директорот на Лацио.
„Вечерва се случи голем скандал, всушност нешто повеќе и од скандал. На видеоснимката можеше да се види ситуацијата кај недосудениот пенал, но технологијата ВАР беше употребена само во случајот на Имобиле“, изјави Таре по синоќешниот натпревар.

Најнови вести