Корисничко име Лозинка Пријави се
20.12.2017

Арсенал сигурен, Варди и Марез го истуркаа Сити

Фудбалерите на Арсенал и на Манчестер сити се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп.

Арсенал на домашен терен го совлада Вест хем со минимален резултат во лондонското дерби (1-0), а стрелец на единствениот погодок беше Дени Велбек во финишот на првото полувреме.
Напаѓачот на „топчиите“ најдобро се снајде во казнениот простор и во гужвата, од пет метри, ја затресе мрежата на Џо Харт.
Сити ја продолжи победничката низа, но овој пат мораше многу да се потруди, бидејќи по 1-1 на стадионот „Кинг пауер“, го елиминира Лестер по подоброто изведување на пеналите.
Како и што се очекуваше, Пеп Гвардиола ги измеша картите, а „граѓаните“ до единствениот погодок дојдоа во 26-тата минута. Сè подобриот Илкај Гундоган повлече полуконтра, додаде на десната страна до Португалецот, кој рутински го измами голманот Хамер.
Во шестата минута од продолжението, Кајл Волкер заработи пенал, иако се чинеше дека контактот со Ихеаначо е преслаб, а сигурен беше Џејми Варди.
Најдобриот играч на „лисиците“ обезбеди продолжение, но потоа во серијата пенали не погоди, а по неуспешниот удар и по Ријад Марез, гостинскиот тим можеше да го прослави триумфот.
Најдобрите четири екипи во Лига купот би можеле да бидат и кандидати за титулата, а вечерва треба да се одлучат и другите два полуфиналисти – Манчестер јунајтед гостува кај Бристол, додека Челзи ќе го пречека Борнмут.

Најнови вести