Корисничко име Лозинка Пријави се
30.12.2017

Азар одби нов договор во Челзи поради Реал

Белгискиот фудбалер Еден Азар одби да го продолжи договорот со Челзи поради заинтересираноста на Реал од Мадрид, изјави неговиот татко Тиери.

На Азар договорот со „сините“ му истекува во 2020 година, често пати изјавуваше дека би сакал да направи трансфер во Реал и да соработува со тренерот Зинедин Зидан, кој исто така инсистира на тоа, па е многу можно да се реализира трансферот.
„Еден одби да го продолжи договорот со Челзи за да може во иднина, доколку има потреба од тоа, да му биде на располагање на Реал, во чиј дрес би изгледал многу добро“, изјави таткото на Азар за белгискиот весник „Л’суар“.
Тиери Азар додаде дека неговиот син е само еден од играчите за коишто Реал е заинтересиран за во иднина, но дека засега сè уште нема најави за договор.
„Еден е само еден од странците за чии услуги е заинтересиран Реал. Во овој момент сè уште нема конкретни преговори“, изјави Тиери Азар.
Претходно, шпанските медиуми објавија дека и голманот Тибо Куртуа, соиграчот на Азар од репрезентацијата и од клубот, одби нов договор бидејќи има желба да потпише за Реал.

 

Најнови вести