Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2018

Буфон за Донарума: Јувентус секогаш е добра опција

Легендарниот Џанлуиџи Буфон изјави дека не може да го советува помладиот наследник и имењак Донарума бидејќи никогаш не бил во слична ситуација.

Во последно време доста се зборуваше за Џанлуиџи Донарума. Иако по бројните перипетии летоска го продолжи договорот со Милан, често се пишуваше дека помладиот голман наскоро ќе го напушти Милан.
На прашањето кое би било вистинското решение на оваа ситуација, Буфон со насмевка изјави:
„Јувентус никогаш не е погрешна опција. Не можам да му дадам совет бидејќи не знам во каква ситуација е, за емотивната врска со Милан. Можам да кажам неколку работи, како што направив и во националниот тим, но она што пресудува е внатре во вашата душа.“
Познатиот Џиџи најави дека ќе стави крај на кариерата по завршувањето на сезоната, бидејќи репрезентацијата на Италија не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство.
„Никој не сака да ја заврши кариерата. Но многу сум среќен бидејќи стигнав до фазата на животот во која внатрешната хармонија ми е најважна и во која уживам. Претседателот во последните пет години ми повторува: ‘Во еден момент во текот на сезоната дојди и кажи ми дали сакаш да продолжиш или не.’ Така ќе биде и овој пат“, додаде Буфон.
Но, сè уште постои причина поради која би го одложил пензионирањето – доколку Јувентус ја освои Лигата на шампионите, би играл и на Светското клупско првенство. Тоа е единствената можност“, изјави Џиџи.
Иако тренерската работа не е опција, Буфон на прашањето што би можел да научи од Алегри, изјави:
„Никогаш не би бил тоа. Но од него би можел да ги преземам лудата храброст и мудроста со која ги донесува одлуките.“

 

Најнови вести