Корисничко име Лозинка Пријави се
01.3.2018

Валверде: Не е фер... Распоредот е против нас

Ернесто Валверде, тренерот на Барселона, се пожали на календарот на Ла Лига бидејќи неговиот тим треба да патува во Лас Палмас само три дена пред големото дерби со Атлетико Мадрид.

Каталонците ќе имаат помалку време за одмор од екипата на Диего Симеоне, која вчера го совлада Леганес.
„Ние сме фокусирани само кон Лас Палмас, понатаму од тоа не смееме да одиме. Никогаш не сум сакал да размислувам за натпреварите коишто доаѓаат. Секој натпревар во Лигата е вреден три бода и мислите за Атлетико никаде нема да нè одведат“, изјави тренерот на Барселона.
„Распоредот оваа седмица е тежок и е против нас. Има многу прашања во врска со тимот... Играме подоцна во однос на Атлетико и нè очекува долг пат. Дали ќе одморам некои играчи против Лас Палмас? Тоа е една од опциите“, додаде Валверде.
Дуелот меѓу Лас Палмас и Барселона на програмата е вечерва, од 21 часот.
Каталонскиот клуб моментно е прв во Примера лигата со четири бода повеќе и со натпревар помалку од Атлетико.
Големото дерби на програмата е во недела, од 16.15 часот.

Најнови вести