Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2018

Дибала во Мадрид, но таму не е заради Реал

Пауло Дибала, напаѓачот на Јувентус, вчера бил виден во Мадрид, каде што, според извештаите на шпанските медиуми, бил на вечера со Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид.

Иако се зборуваше дека 24-годишниот офанзивен играч ќе ја искористи паузата во националниот шампионат, како и фактот дека не е повикан во аргентинската репрезентација за пријателските натпревари, за состанок со челниците на Реал Мадрид, се случи спротивното.
Пауло Дибала бил виден во еден ресторан со Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, што ги подгреа сомнежите дека одличниот фудбалер во иднина би можело да заигра за „јорганџиите“.
Италијанските медиуми пишуваат дека не се работи за какви било преговори, туку дека Дибала едноставно е на одмор.
Која е вистината, не се знае, но шпанските медиуми шпекулираат дека Антоан Гриезман, напаѓачот на Атлетико Мадрид, може да го напушти клубот, па се бара адекватна замена, а тоа всушност би можело да биде Пауло Дибала.
Пред Јувентус, Дибала играше за аргентинскиот Институто и за Палермо, а оваа сезона за „старата дама“ од Торино одигра 35 натпревари, постигна 21 гол и имаше пет асистенции.

Најнови вести