Корисничко име Лозинка Пријави се
29.3.2018

Ковачиќ се враќа во Италија

Матео Ковачиќ, фудбалерот на Реал Мадрид, би можело да се врати во Серија А, пишуваат медиумите на Апенинскиот Полуостров.

Хрватскиот репрезентативец во 2015 година од Интер направи трансфер во Кралскиот клуб, но не се избори за првото место во тимот.
Предност на неговата позиција имаа Лука Модриќ и Тони Крос, по три сезони не се промени ништо, а како што стојат работите, нема ниту наскоро.
Споменатите двајца фудбалери можеби се и најдобри на своите позиции во денешниот фудбал, па тешко е да се очекува дека Зидан некого од нив ќе го стави на клупата за да игра Ковачиќ.
И самиот Ковачиќ е свесен за тоа, па одлучил налето да ја промени средината.
Медиумите во Италија пишуваат дека Рома е многу заинтересирана за Хрватот, а дека ниту тој не би имал ништо против да заигра за „волчицата“. Се очекува двата клуба лесно да се договорат околу финансиските услови.

Најнови вести