Корисничко име Лозинка Пријави се
02.4.2018

Малер за Зидан - Ретко се повредува, но нема да игра против Јувентус

Се знае дека дефанзивниот играч Начо нема да биде во конкуренција за натпреварот против Јувентус.

Начо за прв пат во неговата кариера мораше да го напушти теренот поради повреда, тоа се случи во натпреварот против Лас Палмас, кој Реал го реши во своја корист без проблеми со 3-0.
Начо го повреди предниот дел на бутниот мускул, а најверојатно ќе биде отсутен три или четири седмици.
Тој нема да биде во конкуренција за двата натпревари против Јувентус, а ниту за средбите против Атлетико Мадрид, Малага, Атлетик Билбао и Леганес.
Начо оваа сезона за Реал Мадрид одигра вкупно 37 натпревари и постигна четири гола. Ќе му недостасува на Зидан, посебно имајќи предвид дека на првотимците ќе им треба одмор по тешките натпревари.

Најнови вести