Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2018

Џеко: Беше пенал, да имаше судијата повеќе храброст...

Един Џеко изјави дека резултатот од првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Барселона сигурно би бил поинаков ако главниот судија на дуелот имал храброст.

Барселона славеше со 4-1, Џеко го постигна единствениот гол за Римјаните, а во првото полувреме, кога резултатот беше 0-0, судијата по прекршокот над нив, не покажал на белата точка.
„Судијата требаше да има повеќе храброст да досуди пенал против Барселона на ‘Камп ноу’. Грдо е тоа што ние како тим немаме никаков респект, сепак, ние не дојдовме тукутака во четврт-финалето. Да беше досуден пенал, натпреварот ќе отидеше во друг правец“, изјави Џеко.
Најдобриот стрелец изјави дека резултатот 4-1 е доста неправеден.
„Практично, три од четирите нивни гола беа автогола. Штета за ваквиот резултат“, изјави Џеко.
Реванш-натпреварот ќе се игра за пет дена во Рим.

 

Најнови вести