Корисничко име Лозинка Пријави се
10.5.2018

Јувентус лесно со Милан за 13-тиот трофеј во Купот

Фудбалерите на Јувентус го одбранија трофејот во Купот на Италија откако во финалето ја совладаа екипата на Милан со убедливи 4-0.

Јувентус, кој го освои четвртиот последователен, а вкупно 13-ти Куп на Италија, до триумфот дојде на средината на второто полувреме, кога за девет минути ги постигна сите три погодока.
Прво Мехди Бенатија во 56-тата минута го искористи одличниот центаршут на Миралем Пјаниќ од корнер и постигна исклучително убав гол со глава, пред Џанлуиџи Донарума да направи две големи грешки.
Неколку моменти подоцна, недоволно добро реагираше на ударот на Даглас Коста и топката заврши во мрежата, потоа таа испадна по слабиот удар на Марио Манџукиќ, а Бенатија притрча и стана двократен стрелец.
Конечниот резултат го постави Никола Калиниќ во 76-тата минута, кога ја затресе сопствената мрежа.
Тогаш натпреварот беше решен, а „старата дама“ веројатно ја комплетира двојната круна бидејќи само теорија ја дели од титулата во Серија А.

Најнови вести