Корисничко име Лозинка Пријави се
25.6.2018

Черчесов: Без калкулации, го сакаме првото место

Селекторот на Русија, Станислав Черчесов, изјави дека против Уругвај во последниот натпревар од групата А ќе игра неговиот најсилен состав.

Русија и Уругвај обезбедија пласман во осминафиналето со по шест бодови, па лидер во групата ќе биде репрезентацијата која ќе слави во меѓусебниот дуел. Во случај на реми, домаќинот заради подобра гол разлика од првата позиција ќе се пласира во нокаут фазата. 
И покрај тоа Черчесов не планира да калкулира.
„Играме против многу силен тим. Сакаме во осминафиналето од првата позиција. Нема да има никакви калкулации, нема да одморам фудбалери. На теренот ќе бидат најподготвените, не планирам да ротирам, но пред тоа ќе морам да се консултирам со медицинскиот персонал“, порача рускиот селектор.
Истото мислење го дели и најдобриот стрелец на домаќинот Денис Черишев.
„Не случајно победивме два пати. Делуваме како добра екипа, се држиме заедно. Одиме на победа против Уругвај“, изјави стрелецот на три гола во досегашниот дел на првенството.
Натпреварот се игра на „Космос арената“ во Самара.

Најнови вести